Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска се возел со повеќе автобуски линии на неколку релации со бесплатниот градски превоз во Куманово.
„Имав можност да разговарам со ученици, работници, пензионери, студенти кои редовно ја користат оваа јавна услуга. Навистина ми е драго што мерката за бесплатен јавен превоз е позитивно прифатена од сите граѓани и претставува вистинско олеснување на семејниот буџет за многу семејства, кои отворено го искажуваа своето задоволство, со многу позитивни коментари и предлози. Разговарав и со возачите и ги слушнав нивните идеи и сугестии за подобрување на квалитетот на услугата кон граѓаните“, кажал Димитриевски.
Во соопштението што е доставено до медиумите стои дека линиите што ги користел градоначалникот немале задоцнувања, а тој ја забележал и инспекциската контрола од Општината која ја следи редовноста на линиите.
Бесплатниот јавен превоз започна од почетокот на годината, а ќе трае до јули, со можност за продолжување до крајот на годината. За 6 месеци општината ќе исплати 500 илјади евра на превозниците кои го вршат превозот.