Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово и кумановци се разочарани од едногодишното неспособно владеење на „Наше Куманово“ и ВМРО - ДПМНЕ на чело со Максим Димитриевски. На општината и се потребни решенија за многубројните проблеми. На градот, приградските населби и селата не им треба гол популизам и меѓународна политика, потребни се капитални инвестиции, соопштуваат од СДСМ.
„Една година од владеењето на Максим во Куманово. Една година партиски вработувања и терор врз неистомислениците во општинските институции. Популизам и занимавање со надворешна политика, наместо решавање на проблемите на граѓаните. Без ветените катни гаражи, без паркови и зелени површини и недомаќинско работење на општинските институции. Неспособно управување и менаџирање на сите општински установи и поставување раководни кадри и вработувања во договор со ВМРО-ДПМНЕ. Една година како Максим се одолжува на ВМРО ДПМНЕ и обработува за добиените вмровски гласови, задоволувајќи ги нивните апетити за раководни функции.Една година од неспособното владеење на „Наше Куманово“ и ВМРО-ДПМНЕ на чело со Максим Димитриевски, кој впрочем е поголем вмровец од вмровците“, стои во партиското соопштение.