Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ако се земе предвид дека свињарството е широко распространета сточарска гранка и значајна за производителите од нашата држава, Владата треба да ги стави на располагање сите материјално-технички средства и со еден сериозен и навремен пристап да се локализираат жариштата што сега ги имаме. Ако продолжи ваквата ситуација постои опасност да дојде до целосно истребување на свињите, истакна на прес конференција Цветан Трипуновски,член на Републичката комисија за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, кој присуствуваше во Куманово на „Денови на медот“ , по покана на Пчеларското здужение „Пчела“.
Трипуновски посочи дека во ситуација кога имаме проблеми во снабдување со храна и тешка економска криза, ни фали уште да останеме без храна, што ќе значи тешка зима за граѓаните.
„Во последните неколку години од појавата на африканската чума во Бугарија,апелиравме до Агенцијата за храна и ветеринарство,до ресорното министерство и до Владата да се преземат сите неопходни мерки за да се заштитиме од ова сериозна заразна болест, која што причинува големи економски штети кај одгледувачите.Но, за жал,во последните неколку месеци сведоци сме дека болеста влезе најпрвин во Делчево, а потоа се прошири и во Македонска Каменица,Кочани,Чешиново-Облешево,Штип и Карбинци, и најпосле во Куманово.Овде има две жаришта, едното во Никуштак, другото во Долно Којнаре и согласно мерките што треба да се преземат ќе значи целосно уништување на свинскиот фонд во сите жаришта.Според информациите што ги поседувам досега се уништени преку 3500 грла свињи,што е сериозна бројка”, вели Трипуновски.
Тој кажа и дека од разговор со пчеларите дознал дека оваа година не е добра за нив, а приносот се движи од 4 - 5 кг по пчелно семејство,што е далеку под просекот за да се обезбеди рентабилност.
„Ја користам овааа прилика да дадам ветување до пчеларите дека во иднина во пчеларството сериозно ќе се инвестира, затоа што тоа е многу битно за целокупниот еко систем на човештвото. Од друга страна ќе работиме и на привлекување на млади луѓе кои ќе започнат да одгледуваат пчели и ќе обезбедуваат егзистенција од оваа гранка”, потенцираше Трипуновски.