Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска и во наредните денови без струја ќе останат повеќе делови од градот и селските населби.
Како што информираат од РЦУК Куманово денеска, во период од 08,30 до 14,30 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.Васил Драгомански, ул.Тоде Думба, ул.Биљановска дел под градски гробишта и ул.Стојан Арсов.
Од 07,30 до 14,30 часот,пак, без струја ќе останат корисниците од ул. Бајрам Шабани.
Од ЕВН најавуваат прекини на електрична енергија и на 06.03.2023 година и тоа:
- Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во с. Челопек.
- Во периодот од 12:00 до 14:00 во с.Руѓинце.
- Во период од 08:00 до 14:00 часот во нас.Карпош-Сателит.