Без вода неколку улици во центарот на градот
08.08.2012 06:57
| KumanovoNews
Без вода утринава се жителите од улиците “Доне Божинов“, “Народна револуција“, “Тоде Думба“ и “Перо Тошев“. Вода за пиење нема и во Касапски круг поради дефект на водоводните цевки.

Екипите на ЈП“Водовод“ работат на отстранување на дефектите и за неколку часа водоснабдувањето ќе се нормализира.
Во останатите делови на градот не се забележани прекини во снабдувањето со вода.