×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Безбедна за пиење е минералната вода во Проевце

    15.11.2024 11:06 | Оливера Пешевска

    Исправнa е водата од чешмите во селото Проевце, покажуваат последните испитувања на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово. Микробиолошките лабораториски резултати на „големиот чеп“ покажуваат дека нема присуство на бактерии.

    Безбедна за пиење е минералната вода во Проевце

    „По последните испитувања имаме чиста микробиолошка слика, што значи дека водата и од двата чепа е безбедна за пиење. По двомесечното присуство на бактеријата „pseudomonas aeruginos“, резултати покажаа дека е сузбиена. За секој случај, ќе продолжиме со почести контроли, отколку што е предвидените, еднаш месечно“, посочи д-р Бедри Велиу, специјалист по хигиена во ЦЈЗ Куманово.

    Велиу вели дека бактеријата била присутна во самата цевка, затоа што и малиот чеп добива вода од истиот извор. Од подземниот извор до истекот не постои каптажа која би можела да биде прочистена со хлор или на друг начин по хемиски или механички пат. Затоа инсистира да се сменат старите цевки и да се постави довод од прохром.

    „Ние редовно ги обгоруваме цевките, за да се стерилизираат, но внатре најверојатно има и калцифицирани наслаги во чии набори бактеријата е потешко достапна за третирање. За целосна безбедност, освен нови цевки потребно е и чистење и дезинфекција на поширокиот простор околу чешмата“, објаснува д-р Велиу.

    Станува збор за помалата чешма со две цевки од кои кумановци редовно се снабдуваат со вода за пиење. Големиот чеп, каде беше констатирано загадување, е повисоко поставен и има поголем проток на вода. Малиот има помал капацитет, па полнењето кај него оди поспоро, но редовните корисници тврдат дека и водата е повкусна ако е наполнета таму. 

    Новата чешма со повеќе  цевки за вода, која е непосредно до бањските простории не се тестираат подолг период, но од таму и ретко кој полни вода за пиење. Доктор Велиу смета дека и таму е потребно детално средување и чистење, за да и тие истеци повторно профункционираат.

    По редовна контрола на 19 август, ова година е констатирано присуство на бактеријата “pseudomonas aeruginosа“.