×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Безбедноста на граѓаните е наш приоритет во работењето, велат најдобрите полицаец и пожарникар во Куманово

    10.01.2023 12:40 | KumanovoNews

    Филип Атанасовски и Душан Цаневски се прогласени за најдобри полицаец и пожарникар за 2022 година, заради нивните заслуги во работењето. Традиционалната наградата ја врачува Општина Куманово на крајот на годината на предлог на службите кои се грижат за безбедноста на граѓаните.  

    Безбедноста на граѓаните е наш приоритет во работењето, велат најдобрите полицаец и пожарникар во Куманово

    Филип Атанасовски три години е полициски службеник во СВР Куманово во Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај, додека Душан Цаневски 10 години работи како пожарникар - спасител во Територијалната противпожарна единица Куманово.

    И двајцата покажале исклучителни резултати во работењето и градењето на меѓучовечки односи во институциите каде што работат, што е предуслов за да се стекнат со вакво признание. Тие велат дека безбедноста на граѓани е врвен приоритет во нивната работа, а ќе немало резултати доколку немале поддршка од колегите.

    „Ова е моја прва награда, која за мене претставува дополнителен поттик за понатамошно работење, а се надевам и позитивен пример за сите, особено за помладите полициски службеници. Бидејќи полициското работење, претставува пред се тимска работа, би сакал да изразам благодарност кон сите мои колеги кои ми помогнаа да се истакнам на професионален план. Би сакал да ги охрабрам сите полициски службеници да продолжат вредно да работат, да се грижат за безбедноста на граѓаните затоа што сите ние заедно можеме да придонесеме да имаме безбедно место за живеење”, вели Атанасовски.

     И за триестегодишниот Душан Цаневски, награда претставува мотив за максимална посветеност во неговата професија во наредниот период.

    „Пожарникарството е една хумана работа во која не се дејствува самостојно и затоа ова е награда за сите вработени во нашата единица. Голема благодарност до командирот и градоначалникот за укажаната доверба”, изјави Цаневски, кој минатата година учествувал во гаснењето на бројни пожари и во технички интервенции со што придонел за намалување на материјални штети и спасување на човечки животи.

    Наградите за најдобри полицаец и пожарникар за 2022 година, традиционално ги додели градоначалникот Максим Димитриевски во име на Општина Куманово, кој им се заблагодари за нивното професионално извршување на работните задачи, за нивната посветеност и грижа за граѓаните, посакувајќи им успеси во иднина.

    (Ивана Алексовска)