×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Биљана Ивановска вратена за директорка на Кумановската болница

    08.11.2023 08:34 | Оливера Пешевска

    Биљана Ивановска повторно е на чело на Општа болница Куманово. Таа во втората половина на септември беше избрана на конкурс на функцијата, а само по еден месец беше разрешена од министерот Фатмир Меџити без посебно образложение.

    Биљана Ивановска вратена за директорка на Кумановската болница

    За в.д. директор  беше назначен д-р Фати Џемаили, уролог во болницата. Ваквата одлука предизвика бурни реакции кај граѓаните, поради политичките игри во здравството.  

    „Професионално, чесно, одговорно и легитимно продолжувам на позиција менаџер на ЈЗУ Општа болница Куманово. Животот е полн со предизвици и како таков треба да го прифатиме. Во соработка со Министерството за здравство ќе ги реализираме проектите кои се дел од мојата програма, а се од исклучително значење за сите граѓани на Куманово и околните шест општини“, истакнува старо-новата директорка Ивановска.

    За ненадејната смена на Ивановска министерот Меџити тогаш се правдаше дека нема да поддржи директори кои не можат во целост и стручно да ги извршуваат менџерските работи.

    По три недели Биљана Ивановска се враќа на работното место директор, но не се познати причините за повторната смена во раководството на болницата.

    Ивановска е дипломиран психолог и во болницата работи од 2015 година, вели дека добро е запознаена со организационата поставеност, потребите и недостатоците на ова здравствена установа.