Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поранешниот претседател на Советот на Општина Куманово, Бранко Арсовски бара од локалната власт повеќе да ги почитува поранешните претседатели на Советот и да ги кани на свечените празнични седници.
Тој и неговите останати колеги, вчера не се нашле на списокот гости на ниту една манифестација по повод 11 Ноември.
Тоа е пропуст на нашиот колега, претседател на Совет. Ние не сме многу само четворица. Јас, Драган Митевски, Зоран Петрушевски и Виктор Цветковски. Жал ми е три-четири мандати да присуствувам на сите седници, а сега да не сакаат да не удостојат и да не повикаат на свечена седница да ги чуеме сите резултати кои ги постигнала општината. Затоа апелирам до мојот колега понатаму да обрне внимание на нас. Ако не не цени нас, тој не си ја цени и својата работа. Политичката работа се врти, тој е млад политичар и треба да внимава на тоа, посебно што и на него еден ден ќе му заврши мандатот. - изјави Арсовски.
На граѓаните тој им го честита Денот на ослободувањето на градот.
(фото архива)