×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Благ пад на хоспитализираните болни од коронавирус во Куманово

    15.12.2020 12:06 | KumanovoNews

    Во ковид-центрите во Општата болница во Куманово последнава недела се забележува благо намалување на бројот на хоспитализирани болни од коронавирус.

    Благ пад на хоспитализираните болни од коронавирус во Куманово

     На трите оддленија има слободни дваесетина кревети, но лекарите велат дека тоа не е причина за да се опуштат.

    „Имаме слободни болнички капацитети за сместување пациенти заболени од ковид -19. Во моментов, имаме 104 пациенти на болничко лекување и повеќе од 20 слободни кревети. Имаме благ тренд на намалување на бројката, но далеку од тоа дека можеме да бидеме спокојни и да велиме дека бројките драстично се намалени. За нијанса е намалена и потрошувачката на кислород, што значи дека имаме повеќе полесни и средно тешко болни, меѓутоа доаѓаат и многу тешки пациенти, за кои водиме битка за нивниот живот. Оние што се во исклучително тешка состојба ги упатуваме на скопските клиники“, вели директорката на болницата Снежана Захариева.

    Од вчерашниот билтен на Министерството за здравство, од коронавирус во Куманово починаа тројца пациенти на 62, 72 и 80-годишна возраст, 16 се новозаболени и 33 оздравени. Од почетокот на кризата, во Центарот за јавно здравје Куманово што ги опфаќа и Општините Липково и Старо Нагоричане регистрирани се 4.285 заразени, од кои активни се 639 случаи.

    (С.Н.)