Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во второто тромесечје од 2015 година се родени 280 деца во Куманово, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Бројките покажуваат опаѓање на наталитетот во општина Куманово, која во претходните квартали имаше над 300 новороденчиња. Состојбата не е подобра ни во двете соседни рурални општини. Во второто тромесечје годинава во Липково се родени 81 дете, а во општина Старо Нагоричане само 9 деца.
На ниво на држава бројот на новороденчиња споредено со истиот период лани е намален за 4 отсто или 5683 деца помалку.