Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Изборната конференција на општинската организација на НСДП Куманово, досегашниот претседател Благојче Јаќимовиќ доби уште мандат да го води огранокот и во наредните 4 години. На Конференцијата беа избрани Извршен одбор и Надзорен одбор на општинската организација.
Пред делегатите се обрати и старо-новиот претседател Јаќимовиќ, кој истакна дека општинската организација во Куманово е една од бастионите на НСДП, силна, сплотена и добро организирана, значаен политички чинител во градот. Притоа се заблагодари за добиената доверба од делегатите и даде верување дека уште помотивирано и поангажирано со новиот состав на Извршниот одбор ќе спроведуваат политичките активности.
„Како претседател на партијата во Куманово и член на Советот на општината ќе се залага Куманово да биде град на сите граѓани, не наше, ваше, нивно, туку Куманово за сите нас“, истакна Јаќимовиќ.
Пред присутните делегати се обрати претседателот на НСДП Горан Мисовски, кој се осврна на актуелните политички збиднувања во државата и реорганизацијата на НСДП и организациското зајакнување на партијата, по Конгресот кој се оддржа пред една година, како и предизвиците со кои успешно се справува владеачката коалиција.
На Конференцијата беа присутни и генералниот секретар на НСДП Мики Милковски, потпретседателот Зоран Маневски, потпретседателката Јулијана Цековска, организацискиот секретар Венцо Вуинов, секретарот за меѓународна соработка Марјан Дамјановски и членови на Извршниот одбор и Централниот одбор на НСДП, како и претставници од коалиционите партии во Куманово.