×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бобан Јаќимовиќ претседател на извршниот одбор на ДПСМ

    17.03.2015 15:18 | KumanovoNews

    Бобан Јаќимовиќ, претседател на општинската организација на ДПСМ, избран e за претседател на извршниот одбор на партијата.

    Бобан Јаќимовиќ претседател на извршниот одбор на ДПСМ

     Јаќимовиќ ja добил довербата на главниот одбор, поради долгогодишната и успешна партиска активност.

     „Ми претставува голема чест и задоволство во наредниот период да сум на чело на ИО. Одборот е составен од 20 членови од сите градови и во оваа прилика сакам да се заблагодарам на претседателот и на сопартијците што ми ја дадоа довербата да бидам дел од највисокото партиско тело, кое ги донесува најзначајните политички одлуки. Во наредниот период претстои темелна реконструкција во сите општински организации. Ќе се направи кадровско освежување се со цел да се даде можност младите да се вклучат во политичките активности“- вели Јаќимовиќ.

    Изборите во ограноците ќе се случат во наредните месеци и Јаќимовиќ поради повисоката функција, најверојатно, ќе го отстапи местото во општинската организација Куманово.

    Демократската партија на Србите во Македонија вчера прослави 24 години постоење на политичката сцена во Македонија. Иако национална партија, најголем дел од активностите се сконцентрирани и се одвиваат во Куманово. ДПСМ е партија од власта на централно ниво.