Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово со голем број на културни настани ќе го одбележи 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.
Ноемвриските денови започнаа на 2 ноември, со концерт на КУД „Бајрам Шабани“, насловен како „79 години уметност, култура и традиција“, а вчера се одржа Саемот за мали стопанства на Регионалната занаетчиска комора, во чии рамки беше отворена и првата сувенирница во градот.
На 6 ноември, ќе се одржи промоција на книгата „Патеки на љубовта“ од Божана Трајковска, а на 7 ноември, Денови на српската култура и фолклорна ревија на КУД „Српски вез
На 10 ноември, во 19.30 часот е закажана традиционалната ликовна изложба „Кумановски ликовни уметници“ во Уметничката галерија, во организација на Националната установа Музеј Куманово. Во 20 часот, ќе започне концертот на Градскиот плоштад Куманово, а ќе настапат 22 пеачи и изведувачи од повеќе музички жанрови.
На 11 ноември, во 11 часот, полагање на цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, а во 12 часот ќе се одржи свечената седница на Советот на Општина Куманово, во големата сала на Центарот за култура.
На 13 ноември, во Занаетчискиот дом, концерт ќе одржат учениците од музичкото училиште „Панче Пешев“, а на 14 ќе се доделат награди на Друштвото на писатели за најдобри литературни творби.
На 18 ноември, се Денови на балканска Етно ризница, а на 20 ноември промоција на книги на Маријан Стевановски.
На 25 ноември, ќе се одржи поетско читање по повод 85 години од првото издание на збирката „Бели мугри" од Коста Солев Рацин.
На 22 и 28 ноември, ќе се одбележат Денот на албанската азбука и Денот на албанското знаме.
Ноемвриските денови ќе бидат затворени на 30 ноември, со манифестацијата „Биди и ти култура“.
Настаните ги организира Фондацијата за култура и спорт во Куманово.