×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Богата новогодишна понуда во кумановските ресторани

    19.12.2012 12:49 | KumanovoNews

     Повеќето кумановски ресторани веќе ги дефинирале цените и договориле музички групи и пејачи кои ќе ги забавуваат гостите на најлудата ноќ.

    Богата новогодишна понуда во кумановските ресторани

    Засега не е најавен настап на некое звучно име од естрадата, но сопствениците на најелитните ресторани во градот најавуваат богата и незаборавна журка во најлудата ноќ.

    Од кафеаната “Ксмет“ годинава почнуваат со организирање новогодишни прослави и ќе понудат екстра богато мени.

    Ќе настапат “Скала бенд“ од Куманово, ќе има добра журка, многу богато мени почнувајќи од салати, сувомеснато, печено прасе, скара, неограничено пиење. Цената за дочек е 1800 денари, а за предновогодишни забави се плаќа 650 денари. Имаме и затоплена бавча каде ќе се пуши се во законски граници. Вложуваме многу во парно греење, а деновиве поделивме флаери по фирмите за да видат што нудиме - рекоа Бојан Милковски и Виктор Георгиевски, сопственици на кафеаната.

    Од ресторан “Хармонија“ објаснуваат дека кај нив за Нова година ќе настапи “Маестро бенд“ од Скопје кои се дел од музичката емисија “Зајди, зајди“.

    - Ќе има добра забава, храна, музика. За гостите има лотарија, со вредни награди како двд плеер, фен за коса и слично. Лотарија правиме секоја година, и тоа не се плаќа дополнително, туку е засметано во тие 2100 денари колку што чини дочекот. Од 21 декември секој ден има прослави за вработени и за нив менито е 800 денари - рече Горан Јаневски, шеф на “Хармонија“.

    Во ресторанот Ексклузив ќе гостува групата “Ангели“, а во преговори се да ангажираат и пејачка.

    Само во “Ексклузив бастион“ ќе има дочек на Нова година. Утврдено е менито, а цената е 2200 денари. За фирмите организираме прослави од 20 декември па натаму. За нив менито е поевтино и секако има музика - вели Даниела Јосимовска, организатор на прослави во “Ексклузив“.