Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Туристичката агенција “Јоцо - Турс“ нуди богата понуда на осмомартовски патувања по поволни цени.
Најинтересни и најприфатливи се дестинациите: по два дена Белград - Нови Сад за 69 евра, Сокобања 59 евра, Врњачка Бања 65 евра, Банско - Рила 39 евра, Копаоник 49 евра и Сандански 49 евра. Три дена се Виена - Будимпешта 89 евра и Метеори - Солун 69 евра. Четири дена се дестинациите Истанбул 99 евра, Романија - Букурешт 99 евра, Виена - Будимпешта 89 евра и Прага- Виена- Будимпешта 109 евра. Најдолго, од пет дена е патувањето за Венеција - Верона кое чини 115 евра.
Припадничките на понежниот пол со посета на едни од најубавите европски градови, музеи, тврдини, манастири, замоци, мостови и други културно - историски знаменитости ќе го прослават 8 март.
Најголем интерес има за Истанбул, Будимпешта - Виена, Венеција - Верона, Сокобања. Аранжманите за Србија и Бугарија се со 1 ноќевање, а подалечните дестинации се со 2 ноќевања и појадок. Сместувањето е во луксузни хотели со 3 и 4 ѕвездички. За секој град има локални водичи. Плаќањето е на 5 рати со тоа што 3 рати треба да се уплатат пред поаѓање, а другите 2 рати потоа - велат од “Јоцо - Турс“.
Заинтересираните треба да резервираат аранжман до почетокот на месец март. Осмомартовските патувања во соседството се закажни со тргнување на 8 март, а за подалечните дестинации тргнувањето е порано.