Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Богата спортска и културно-уметничка програма најави Фондацијата за култура и спорт во рамките на Ноемвриските денови, а посебно за одбележувањето на Денот на ослободувањето на Куманово-11 Ноeмври.
„Во петок, на 10 ноември во Уметничката галерија на Музеј Куманово ќе биде отворена традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници“, која започнува во 19.30 часот. Истата вечер на градскиот плоштад на концертот ќе настапат наши локални артисти: Мартинијан Кириловски, Пајак и Лара, а на крај се ѕвездите на вечерта Туна и ДНК. Со програмата сакавме да ги испочитуваме сите граѓани на Куманово, но и да дадеме поддршка на македонска музика и на наши музичари“, изјави Марио Арангеловски, директор на фондацијата.
За самиот празничен ден, во сабота ќе се положи цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци со почеток во 11 часот, а од 12 часот ќе се одржи свечена седница на Советот.
Покрај ова планирани се и атлетска трка, одбојкарски, пинг-понг, шаховски и фудбалски турнири, а свој придонес даваат и риболовните друштва и клубовите по боречки вештини.
Годинава се прославуваат 79 години од ослободувањето на Куманово.
Комплетната програма е во организација на Фондацијата за култура и спорт, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.