×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Богата програма за Денот на градот

    27.10.2011 14:32 | KumanovoNews

    Прославата ќе започне од почетокот на ноември кога ќе бидат пуштени во употреба повеќе инфраструктурни објекти, а ќе заврши со Свечената академија и доделувањето на Ноемвриските награди.

    Богата програма за Денот на градот

    Со богата културно-спортска програма и повеќе манифестации ќе биде обележан Денот на ослободување на Куманово, 11 Ноември. Активностите за прославата ќе започнат од почетокот на ноември кога ќе бидат пуштени во употреба повеќе инфраструктурни објекти во градот, а ќе завршат со Свечена академија и доделувањето на Ноемвриските награди.

    Ќе се организираат спортски настани на републичко и меѓународно ниво. На 10 ноември традиционално ќе се отвори ликовната колонија Куманово, по што ќе следи голем концерт на Градскиот плоштад и спектакуларен огномет. Оваа година ќе пее српскиот пејач Аца Лукас. На 11 ноември ќе се положи цвеќе на Спомен костурницата и Свечена академија- вели Жика Крстевски, раководител на секторот за култура.

     По повод празникот во употреба ќе биде предаден Атлетскиот стадион кај техничкото училиште, ќе биде удрен камен темелник на затворениот базен, а ќе се пушти гасификација во неколку училишта и јавни објекти во градот.  На прославата ќе присуствуваат дваесетина делегации од збратимени градови од Балканот и пошироко.