Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Низа спортски манифестации ќе се организираат по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.
Во програмата на Општинскиот сојуз на спортови предвидени се турнири во футсал, фудбал, рапид, кошарка, велосипедска трка, планинарски марш, брзопотезен шах, аикидо семинар, сортско риболоство. Спорстките настани започнуваат денеска, а ќе траат во наредните четири дена - до недела.
Денеска во 9 часот во салата на СОУ „Перо Наков“ ќе започне традиционалниот футсал турнир за Пехар на градоначалникот. Предвидено е натпреварите да траат до попладневните часови, по што ќе биде прогласен победникот на турнирот.
Фудбалерите, пак, ќе настапуваат на терените кај Спортската сала и арената „Еуроспорт“ од 9 до 16 часот.
Утре, на 11 Ноември, на Градскиот кеј во Куманово во 9 часот ќе започне велосипедската трка, додека во СОУ „Перо Наков“ од 10 до 16 часот ќе се одржи Турнир во кошарка во женска и машка конкуренција .
За деновите на викендот, ќе се одржи планинарски марш и аикидо семинар.
Во недела спортските риболовци на езерото Гогомонд ќе го одржат традиционалниот Турнир, а во салата на ООУ „Крсте Мисирков“ Младинскиот рапид турнир и Турнирот во брзопотезен шах.
Општинскиот Сојуз на спортови Куманово ги повикува сите љубители на спортот да ги проследат или да се вклучат во овие настани за зедничка прослава на празникот на градот.