×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Богдановска: Учениците да не носат ножеви на училиште

    04.04.2014 15:27 | KumanovoNews

    Вработените во училиштата во рамки на проектот “Безбедни училишта“ кој го спроведува отсекот за превенција при СВР Куманово, ќе ги проверуваат ранците на учениците за да се спречи носење на ладно оружје.

    Богдановска: Учениците да не носат ножеви на училиште

    Особено ќе се внимава учениците да не носат со себе ножеви, палки, боксирачи и спрејови.

    Доставени се известувања до училиштата, обезбедувањето, стручните служби, наставниците да посветат повеќе внимание и да можат да вршат прегледи на тоа што се носи во училишните ранци, што е законски дозволена можност. Воедно да се посвети повеќе внимание на безбедност на соблекувалните на часови по физичко, оставање ранци во училиште со цел да се намалат кражби на мобилни телефони кои особено во училиштата се зачестена појава - изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.

    Отсекот за превенција редовно оддржува состаноци со тимовите за безбедност во училиштата при што се дискутира за мирно решавање на конфликтите без употреба на сила.