Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристевски заедно со членовите на клубот Ротари од Куманово денеска го посетија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака- наша„.
Штитениците, Ристевски го пречекаа со навивачката химна „Излези момче„, му подарија македонско сонце кое што самите го изработиле и му признаа дека најмногу навивале за него додека ги гледале ракометните натпревари. Поради тоа спортската ѕвезда ги покани да бидат гости на репрезентацијата, да дојдат на првиот натпревар што ракометарите ќе го играат во јуни во Скопје, а тој ќе им обезбеди превоз, дресови и навивачки реквизити.
Тоа е најмалку што можеме да направаме за овие луѓе. Јас и во иднина ќе се обидам колку што можам да помогнам со финансиска помош и матерјални сретства за да може овој центар да функционира. Поканата од Ротари клубот да дојдам тука ја прифатив со големо задоволство и многу ми е драго што се дружам со овие прекрасни луѓе - изјави Ристевски.
Во име на центарот се заблагодари претседателакта Благица Димитровска, која истакна дека секоја помош им е добредојдена затоа што се соочуваат со финасиски проблеми, а посебно на младиот спортист што идвои време им го разубави денот на лицата со интелектуална попреченост.
Денешните гости ни пружија големо задоволство да се чувствуваме еднакви, не посети позната личност бидејќи тоа не се случува секој ден. На членовите на Ротари клубот им се зблагодарувам што ни пружија финансиска подршка, бидејќи нашиот опстанок е неизвесен - изјави Димитровска.
Претседaтелот на Ротари клубот во Куманово, Горан Митевски истакна дека во нивната годишна програма имаат зацртано да ја подржуваат работата на Дневниот центар Порака-наша.
Денеска обезбедивме матерјални сретства за дневни и месечни потреби на центарот.На наше големо задоволство со нас дојде и Борко, за да ги развеселиме членовите на центарот. Во помошта се влучија и неколку маркети во градот, а ние со наши сретства ќе ги платиме сметките за струја за изминатите 2 месеци за да децата имаат топла просторија и пријатна атмосфера- изјави Митевски.