×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бошковска: 30 години СДСМ е движечка сила која носеше државотворни одлуки

    21.04.2021 13:35 | KumanovoNews

    „Одбележуваме 30 годни постоење на СДСМ. Движечка сила која во клучни моменти носеше државотворни одлуки.

    Бошковска: 30 години СДСМ е движечка сила која носеше државотворни одлуки

    Членови сме на ОН, имаме кандидатски статус за членство во ЕУ, го победивме деценискиот режим, станавме полноправна членка на НАТО. Како партија којашто ја има честа да ги претставува граѓаните во Владата, во услови на светска пандемија, се бориме за здравјето на секој човек и егзистенцијата на луѓето и компаниите, за секој да се чувствува заштитен“, кажа Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на СДСМ Куманово на денешната прес конференција.

    Таа додаде дека е донесен петиот сет мерки за полесно поднесување на економските последици предизвикани од ковид-19, a Владата предводена од СДСМ го усвои и шестиот пакет економски мерки за поддршка на фирмите и економијата.

    Помошта се однесува за угостителите, туристичните работници, ивент индустријата, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одмаралишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија. Финансиска поддршка ќе добијат и сите музичари, членови на здруженија на музичари како и лиценцирани туристички водичи, кои во текот на 2020- та година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

    Со бескаматна кредитна линија од 1 милион евра, ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.