Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
7.600 вработени во здравствените установи кои со месеци се во првите борбени линии и секојдневно помагаат и работатa со зaболените од ковид-19, добиваат еднократна награда во висина од 30.000 денари, - изјави Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово на денешната прес-конференција.
Овие средства се обезбедени преку стратешката рамка „Акција 21“, којашто содржи 10 приоритети, а меѓу нив e македонското здравство, со посебен акцент на состојбата со коронавирусот и вреднувањето на трудот на здравствените работници.
„Влезени сме во период во кој што се спроведуваат активности за запирање на ширењето на ковид- 19. Има уплата за 833.000 дози за вакцинирање, за популација од околу 400.000 граѓани, како и ревакцинација во рамките на Ковакс механизмот. Предвиден е и трет механизам, преку Европската унија, која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки, како и дополнителни 100 милиони дози за земјите кои се надвор од Унијата. Почитувани, да помогнеме во запирањето на ширењето на пандемијата. Во празничниот период кој следи, од исклучителна важност е да бидеме примерни, да не се групираме и да празнуваме дома во кругот на семејството. Да останеме здрави во 2021 година“,- нагласи Пешиќ Бошковска.