×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бране Петрушевски и Арбер Адеми меѓу најактивните пратеници во Собранието

    06.02.2021 10:55 | KumanovoNews

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски и на ДУИ Арбен Адеми, двајцата од Куманово се меѓу првите 10 најактивни членови во Македонското собрание.

    Бране Петрушевски и Арбер Адеми меѓу најактивните пратеници во Собранието

    Според Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието од август - декември 2020 на Институт за демократија „Социетас Цивилис“, пратеникот Петрушевски е четврти на листата на најактивни, со 46 дискусии кои траеле 207 минута, а Адеми на осмата позиција со 33 дикусии во траење на 154 минути.

    „Најактивни, односно пратеници кои на собраниската говорница се задржаа најдолго, се Бојан Стојаноски со 278 минути, Гордана Сиљјановска Давкова со 256 минути и Панчи Минов со 213 минути. Според тоа колку пати се јавиле за збор, најактивен пратеник е Бојан Стојаноски кој зема збор 57 пати, пратеничката Гордана Сиљјановска Давкова со 56 пати и Бране Петрушевцки со 46 пати. Најактивни пратенички овој период на набљудување беа пратеничките од опозицијата, Гордана Сиљјановска Давкова, која на говорницата се задржи 256 минути и Дафина Стојаноска со 158 минути“, - стои во извештајот.

    Според типот на дискусиите во овој период, поголем дел отпаѓаат на реплики (38%), додека 30% од дискусијата отпаѓа на говори и 27% на контра-реплики. Оваа укажува на релативно задоволително ниво на интеракција помеѓу пратениците. Пратениците 32 пати го користеле правото на процедуралана забелешка за искажување на свои ставови и мислења, што е за 10 процедурални забелешки повеќе од претходната година.

    Според Деловникот на Собрание, законодавниот дом е задолжен да одржува седница на пратенички прашања секој последен четврток од месецот. Во овој периодот на набљудување август – декември 2020, се одржа само една седница за пратенички прашања на 30. декември 2020 година. Пратеничките прашања се клучна алатка за надзор врз работата на владата, но и за барање одговорност од истата. Поради тоа, клучно е Собранието доследно да ги организира седниците за пратенички прашања. На оджаната седница, поставни се 9 пратенички прашања и 12 дополнителни пратенички прашања или 51% од дикусијата, додека другиот дел на дискусијата е посветена на одговорите на пратеничките прашања (49%) од страна на претставниците на владата. Од мнозинството поставени се 3 прашања, додека другите 18 се поствени од страна на опозицијата.

    Според типот на дискусиите во овој период, поголем дел отпаѓаат на реплики (38%), додека 30% од дискусијата отпаѓа на говори и 27% на контра-реплики. Оваа укажува на релативно задоволително ниво на интеракција помеѓу пратениците. Пратениците 32 пати го користеле правото на процедуралана забелешка за искажување на свои ставови и мислења, што е за 10 процедурални забелешки повеќе од претходната година.

    „Осврнувајќи се кон типот на дискусија според политичката припадност на говорниците, може да се забележи дека најголем дел од дискусијата е иницирана од страна на опозицијата, преку нивните говори (72%), додека поголем дел од репликите припаѓаaт на власта (53%). Најголем дел од контра-репликите припаѓаат на опозицијата (65%). На опозицијата припаѓа и поголем дел од процедуралните забелешки 59%“, - се наведува во извештајот на Институт за демократија „Социетас Цивилис“

    (Фото -„Социетас Цивилис“)