×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бране Петрушевски осуден за клевeта, го навредил од собраниската говорница Мартин Костовски

    13.11.2023 17:56 | Оливера Пешевска

    Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ е осуден  со парична казна од 150 илјади денари затоа што од собраниска говорница упатил навреди и клевета кон неговиот колега во Собранието Мартин Костовски од СДСМ. 

    Бране Петрушевски осуден за клевeта, го навредил од собраниската говорница Мартин Костовски

     „За првпат во историјата на плурализмот во Македонија, пратеник е осуден за став искажан од собраниската говорница. Токму за да се оневозможат ваквите притисоци врз опозицијата, Уставот и Законот предвидуваат имунитет на пратениците за ставови искажани од собраниската говорница. Јавно им кажувам, ниту ќе ме уплашат, ниту ќе ме замолчат, ниту ќе ме запрат да им ги кажувам криминалите дирекно во очи. Уште помалку пак ќе ме присилат да им ги гласам уставните измени. Напротив, само уште повеќе ме мотивираат“, објави Петрушевски.

    Пресудата ја донесе судијата Неџат Мемети од Основниот суд во Куманово, кој утврдил граѓанска одговорност кај Петрушевски, затоа што на 24 февруари годинава го омаловажил Косовски и ја повредил  неговата чест и углед.
     
    Тој од говорницата го обвинувал Костовски дека зел канадски пасош за да се спаси од затвор, по објавувањето на закон без потпис и указ од претседателот на државата. Рекол и дека за да гласа за францускиот предлог, министерот за надворешни работи Бујар Османи ја вработил неговата сопруга во МНР,  како и дека ќе треба да докаже како со чиновничка плата од 50 до 60 илјади денари гради зграда во центарот на Куманово. Го обвинувал и дека земал пари за да вработува лица во градската администрација, како и дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го спасил откако со 1,47 примили алкохол во крвта нападнал двајца негови сограѓани.

    Петрушевски побара од Судскиот совет да го преиспита работењето на судијата Мемети, бидејќи како што рече, тој има имунитет кога станува збор за искажан став од собраниска говорница.И партиските ставови на матичната ДПМНЕ се на истиот колосек,на прес конференција беше заземен ставот дека во согласност со Уставот, пратениците имаат два вида имунитет–материјален или суштински и процедурален. Материјалниот имунитет значи дека пратеникот не може да биде повикан на кривична или друга одговорност или да биде притворен за искажано мислење или гласање.Тој ја гарантира слободата на говорот на седниците на Собранието или на неговите работни тела и овој вид имунитет не може да биде предмет на расправа за одземање.

    Од друга страна со свој став во јавноста излезе и пратеникот Костовски.

    „Во неколку наврати ме навредуваше и изнесуваше невистини и клевети за мене, како негов колега и мора да признам дека ме повреди многу. Политиката не е средство меѓусебно да се повредуваме, туку напротив за мене политиката е можност да го дадеш најдоброто од себе за државата и народот. Тој не е осуден затоа што е пратеник на опозиција и за да се замолчи, туку затоа што зборува невистини, лаги и навреди. И на крај од секој од нас зависи како ќе се однесуваме на говорница, на емисија, на прес-конференција, да се бориме со идеи не со лаги и навреди“, истакнува Костовски.