Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението „Бранители 2001„ од Куманово ги повика своите членови, симпатизери и граѓаните за празникот 2 Август масовно да присуствуваат на прославата која се организира во Меморијалнкиот центар АСНОМ во Пелинце.
Со тоа ќе им одадеме почит на загинатите илинденци и борците од НОБи на сите бранителите кои животот го дале за Македонија- смета претседателот Предраг Петрушевски.
Поради голема заинтересираност и во август ќе продолѓи организираното летување во феријалното одмаралиште во Претор. Цените остануваат исти и изнесуваат 3600 денари за возрасни, а за деца до 12 години 2550 денари за полн пансион. Во оваа цена не е вклкучен превозот.
Досега околу седумдесет проценти е пополнет бројот и сите заинтересирани кои сакаат да летуваат со нас треба да се пријават во просториите на Здружението на бранители 2001, најдоцна до 6 август - вели Петрушевски.