×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бројни гости на централната прослава за 22-годишнината на ЕБР во Куманово

    24.08.2023 10:55 | Оливера Пешевска

    Синоќа, пред Градскиот базен во Куманово се одржа централната свеченост по повод 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување на која присуствуваа највисокото раководство на МВР, министри, пратеници, претставници на државни институции и локалната самоуправа, раководството на Македонскиот полициски синдикат, претставници на семејствата на загинати припадници на ЕБР,  како и бројни жители на Куманово.

    Бројни гости  на централната  прослава  за 22-годишнината на ЕБР  во Куманово

    „Влегувајќи во третата деценија од своето постоење, ЕБР, сите поранешни  и сегашни припадници низ секојдневното работење  демонстрираа силна посветеност и амбиција не само да ги следат зададените стратешки насоки за развој и унапредување на единицата, туку и да ги надградуваат своите професионални и стручни капацитети, со препознаена пожртвуваност, изразена преку бројните примери на успешно реализирани активности. Притоа, не штедејќи се себе си, а секогаш кога била доведена во прашање безбедноста на државата и институциите – ставајќи ги на ризик сопствените животи, како гаранти и чувари на безбедноста, спокојот и животот на сите наши граѓани”, истакна министерот Оливер Спасовски,во своето обраќање.

    Чествувањето на денот на ЕБР токму во Куманово не е само симболичен, туку и реален показател  МВР да биде што поблиску до сите граѓани во сите средини. Кумановци покажале дека знаат да ги ценат напорите на македонската полиција, профилирајќи се како вистински партнери кои континуирано тежнеат кон зголемување на безбедноста во заедницата и јакнење на довербата меѓу институцијата и граѓаните.

    Командантот на ЕБР, Вице Столески, ги поздрави семејствата на загинатите и починати припадници на единицата и им оддаде длабока почит за жртвата која нивните најмили ја дадоа при извршување на работните задачи во единицата, а која никогаш не ги заборава делата на своите херои.

     „Припадниците на ЕБР, кои се дел од Одделот за специјални полициски операции, се висококвалификувани и обучени за најтешките задачи. Тие се активираат секогаш и секаде каде што е потребно највисоко ниво на оперативна ефикасност. Подготвени во најкус можен рок да извршат задачи со висок ризик и со највисок степен на прецизност, свесни за фактот дека кога се активирани не постои никој друг што би можел да дејствува освен нив“, истакна командантот Столески.

    На свеченоста беа доделени и плакети за континуирана поддршка во напорите за унапредување и осовременување на капацитетите на Единицата. Плакети добија началникот на Одделот за специјални полициски операции Митко Даневски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев. Плакети за 20 години успешна работа во ЕБР, пак, им беа доделени на  командантот Вице Столески, заменик командантот Тони Стојоски, Владимир Стефановски, Беким Кадри, Ивица Величковски, Артан Арифи, Далибор Ѓорѓевски, Лилјана Илиќ и Срѓан Ристовски. Плакета за најдобар припадник во ЕБР за 2023 година доби Небојша Костоски. Воедно, беа доделени плакети за поддршка во проекти за подобрување на капацитетите на Единицата.

    Свеченоста беше затворена со културно-уметничка програма на КУД„Панче Пешев“ од Куманово.