Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здравствениот дом Куманово, под чија надлежност е Итната медицинска помош, денеска доби три нови амбулантни возила од Министерството за здравство.
Возилата беа промовирани во градот со вклучени сирени, поради што граѓаните се загрижија дека се случило нешто лошо.
Сакавме да се пофалиме дека конечно добивме нови возила, кои толку долго ги очекувавме и кои ни се многу неопходни за нашата работа и за пациентите. Многу сме среќни и сакавме нашата радост да ја споделиме со граѓаните- ни рекоа од Брза помош кога се јавивме да прашаме за што се работи.
Возилата се од марката Рено и сите се со ЕУРО 5 стандард, располагаат со најсовремени системи за стабилност, а со нив може да се постигне голема брзина. Амбулантните возила располагаат со ЕКГ апарати, со дефибрилатор, со надворешен пејсмејкер, респиратор и голем број на опрема која досега ја немало.
Возилата ги обезбеди Владата, а директорот на Здравствениот дом Миомир Панковски за утре свика прес-конференција за официјално ги промовира новите возила.