Брза помош со 30-тина интервенции за едно деноноќие
17.03.2015 15:01
| KumanovoNews
Над 30 интервенции за 24 часа бележат во просек лекарите од Итната медицинска помош Куманово.

Во текот на денот имаат по дваесетина интервенции, плус уште толку во текот на ноќта. Помош најчесто бараат хронично болните и старите лица.
„Тоа е нормалното темпо на работа, без некое значително зголемување на обемот на работа. Интервенциите обично се кај постари хронично болни пациенти што имаат проблеми со пристисок, со дишење, главоболка, неподвижни луѓе“- вели Марјан Спирковски, началник на Брза помош.
Вообичаено Брзата помош повеќе работа има во период кога има поголеми температурни разлики.