×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бучен Козјак го доби престижното признание „Македонски квалитет 2023“

    21.12.2023 08:16 | Сузана Николиќ

    Кумановската компанија Бучен Козјак е една од десетте компании во земјата, која го доби престижното признание „Македонски квалитет 2023“,  кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори, под покровителство на Претседателот на Mакедонија. Компаниите кои го добиваат ова признаие поминуваат низ строги критериуми за да се квалификуваат и да ги исполнија условите за квалитет. 

    Бучен Козјак го доби престижното признание „Македонски квалитет 2023“

    Свеченоста се одржа вчера во претседателската резиденција Вила Водно, а признанието на директорката на Бучен Козјак, Наташа Денковска Бојковска го додели претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски.

    „За нас како компанија ова прeстижно признание значи мотивација да продолжиме и да останеме посветени на квалитетот креирајќи производи кои ќе ги задоволуваат потребите на потрошувачите, но и ќе допринесуваат за поголем економски раст и промоција на домашната економија. Сакам да упатам голема благодарност до сите вработени во компанијата Бучен Козјак со кои неуморно и посветено ги создаваме вкусните млечни производи, но и на нашите потрошувачи кои го препознаа нашиот квалитет и ни дадоа поддршка и доверба сите овие години“, изјави Денковска Бојковска.

    Избраните компании докажаа дека можат зацртаните и поставените цели да ги реализираат, се со цел на постигнување на мисијата, и со вградување на промени и дополнувања допринесоа во одредувањето на идните насоки на развој на бизнисот. Овој приоритет подразбира зголемување на продуктивноста,подигнување на конкурентноста на економијата, масивно вложување во иновациите и технолошкиот развој , за кои денес избраните издвоени компании се веќе препознатливи на пазарот.

    Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година.

    Добитници на годинешните признанија, покарј Бучен Козјак се и:Виталиа Никола и др., Винарија Милев, Рикомак, Сигма СБ, Еуро Консалт Плус, Кав Комерц, Агриа - Агроиндустриска Групација Велес, Центар за очи – Визиа и Билкилајф- центар за хербализам, туризам и одржлив развој.