×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Буџетот на Општина Куманово е оштетен за 1,3 милиони евра поради отпис на долгови за комунална такса и фирмарина, тврди Левица

    13.03.2023 14:29 | KumanovoNews

    На последната седница на Советот на Општина Куманово беше изгласана предлог одлуката за отпис на парични побарувања по основ на комунална такса за фирма и данок на имот за правни и физички лица во износ од 1.300.000 евра, објавуваат од Левица, локален огранок Куманово.

    Буџетот на Општина Куманово е оштетен за 1,3 милиони евра поради отпис на долгови за комунална такса и фирмарина, тврди Левица

    „Ваквото носење одлуки во Советот повторно  ни потврдува дека работењето на градоначалникот Максим Димитриевски е селективно и спротивно од интересите на жителите на Куманово. Општинската администрација намерно не вршела надзор на законските даночни решенија, не превземала соодветни и навремени законски предвидени дејствија и свесно допринела за апсолутна застареност на побарувањата.

    Жителите во Куманово реагираат дека Општината ни е заробена и  работи селективно и затоа бараат да се стави крај на оваа пракса. Истите споделија секојдневни проблеми каде за заборавена една неплатена сметка спрема јавните претпријатија без направена достава завршуваат кај некој од локалните извршители и со присилна наплата ги подмируваат побарувањата кои ги имаат доверителите од нив.

    Левица ЛО Куманово го осудува ваквото селективно работење на градоначалникот.  Штитење на негови блиски фирми и отпишување на долгови е спас за елитата, а истовремено присилната наплата ги осиромашува жителите на Куманово“, стои во соопштението на партијата.