×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Буџетот за СДСМ развоен, за ВМРО-ДПМНЕ изборен

    27.12.2011 15:50 | KumanovoNews

    Советот на Општината Куманово денеска го усвои буџетот за наредната година во висина од 27,5 милони евра.  Од тоа 8,2 милиони евра се капитални инвестиции, а останатите се плати и матерјални трошоци на тековно работење на локалната администрација.

    Буџетот за СДСМ развоен, за ВМРО-ДПМНЕ изборен

    Според проекциите најмногу приходи се очекуваат од: данокот на промет на недвижности, данокот на имот, уредување на градежно земјиште, како и државно неизградено земјиште.

    Советниците на СДСМ и градоначалникот сметаат дека буџетот е реален и развоен, додека опозиционите партии го критикуваат за предимензиониран и неостварлив.

    Буџетот е проектиран онака како доликува на Куманово, но проекцијата значи и желба да се оствари. Ние сме оптимисти дека сите предвидени ставки ќе ги исполниме, бидејќи со легализација на земјиштето каде имаме 19.000 барања, ќе го оствариме приходниот дел на буџетот. Опозицијата е секогаш тука да критикува, но јас незнам што одскокнува од она што сме го поставиле како развојна програма. Се она што е договоремо во развојната програма е имплементирано во буџетот- смета градоначалнокот Зоран Дамјановски.

    Опозицијата критикува дека со години наназад мнозинството на СДСМ го усвојува буџетот, а потоа има многу низок степен на реализација.

    Градоначалникот проектирал надуен, нереален и тешко остварлив буџет, што со еден збор значи изборен буџет. Во него се наведени само планови, а каква ќе биде реализацијата ќе осетат граѓаните на свој грб. Буџетот не се само бројки, туку неговото реализирање. Праксата покажа дека досегашната реализација на буџетот е катастрофално лоша и за жал, таква и ќе остане и наредната година. Затоа ние не го подржавме овој буџет- вели координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски.

    Советниците на СДСМ и колацијата дадоа подршка на буџет затоа што сметаат дека е реален и објективен, граден врз основа на сите економски параметри кои владеат во државата.

    Економската криза е присутна и во нашата држава и ние не можеме да побегнеме од тоа. Затоа Општината Куманово согласно своите можности го изгради овој буџет, проектирајќи она што е најбитно за граѓаните, социјална програма во која се опфатени најзагрозените семјества и капиталните инвестиции- вели координаторката на СДСМ Марина Манојловска.