×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бујрум ќе истражува колку се транспарентни општините

    06.05.2014 07:17 | KumanovoNews

    Центарот за рурален развој Бујрум ќе истражува колку транспраентно работат  четири општини во североисточиот регион.

    Бујрум ќе истражува колку се транспарентни општините

    - Главна цел на проектот е промовирање и поттикнување на транспарентно и отчетно владеење. Со спроведувањето на овој проект ќе се настојува да се подигне нивото на свесност и специфично знаење на граѓанското општество и да се изградат капацитети за следење на работата на локалните власти со што се очекува поттикнување на натпревар помеѓу општините за добро и транспарентно владеење - велaт од Бујрум.

    Истражувањето ќе опфати 43 општини во 8 плански региони во земјава и истото ќе го реализираат 8 невладини организации.

    Методологијата на работа е по примерот на загребската невладина “Гонг“ и за наодите од истражувањето ќе биде направена ранг листа и студија.

    Овој проект е финансиран од Европската Унија и ќе трае 18 месеци.

     Проектот го спроведува здружението Бујрум во соработка со Центарот за истражување и креирање политики од Скопје преку проектот ЛОТОС. Покрај граѓанскиот сектор во реализација на проектните активности како стратешки партнери се и Државната агенција за спречување на корупција и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.