Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Предупредувачки протест на вработени во Царинска управа, најавија денеска од Синдикатот на УПОЗ. Протестот ќе се одржи во петок од 12 до 12:30 часот.
„Како што најавивме на протестот на 1 мај дека ќе имаме жешко синдикално лето, тоа веќе почна да се остварува. Во петок од 12 до 12.30 часот ни е најавен протест во Царинската управа. Вработените во Царинската управа, веќе со години наназад имаат право на додаток од 30 отсто, но тие тој додаток не го добиваат, а министерот за финансии си обезбеди 30 отсто покачување на платата во Министерство во финансии и во други институции. Затоа решивме да направиме предупредувачки протест, да побараме исплата на додаток на плата за вработените во Царинската управа, кои го полнат буџетот со повеќе од 51 отсто секоја година. Знаеме дека има нов директор, чекаме да дојде, чекаме прием, да видиме дали ќе нѐ сослуша. Не се откажуваме од барањето и не нѐ интересира дали има нов или стар директор“, велат од Сојузот на синдикати.
Од синдикатот велат дека доколку се нема слух за барањето, протестите за предупредување ќе се радикализираат, а се размислува и за затворање на гранични премини и најави дека ова ќе биде првиот од протестите што ќе следат и во други институции.