×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Царовска: Учениците ни се важни, затоа создаваме квалитетно образование во целата држава

    30.07.2021 12:46 | Сузана Николиќ

    Министерката за образование и наука Мила Царовска и министерот за внатрешни работи денеска го посетија ОУ „Христијан Карпош” во Куманово, каде во тек се градежни работа за реконструкција на училишната зграда.

    Царовска: Учениците ни се важни, затоа создаваме квалитетно образование во целата држава

    Реконструкцијата се прави со средства од Министерството за образование и наука во вкупна вредност од околу 8,9 милиони денари, а предвидено е целосно да се замени дотрајаниот кров на училиштето, да се постават нови подови и санитетски јазли, како и да се заменат старите прозорци со нови.

    „Среќна сум што учениците новата учебна година ќе ја започнат во објект во кој ги подобруваме условите за настава. Како Министерство и како Влада изминатиот период покажавме дека заедно со локалните самоуправи исклучително ни е важно создавање на квалитетно образование за секое дете и тоа во целата држава, во секој град и населно место. Нашата цел е да создадеме идни генерации кои ќе бидат непроценлив потенцијал на нашата држава, а тоа можеме да го постигнеме само преку вложувања во образовниот систем. Ова го потврдуваме не само со силни инвестиции во инфраструктура, туку и со розвојот на квалитетни и современи наставни програми и со поддршка на наставниот кадар”, изјави Царовска.

    Министерката истакна дека истовремено со реконструкцијата на училиштата и обезбедување со потребната опрема и ентериер, забрзано се работи и на подготовка на нови материјали за учење за прво и четврто одделение кои ќе се користат од новата учебна година, како и на обуки и обезбедување на континуирана поддшка за наставниот кадар.

    „Исто така, би сакала да напоменам дека МОН постојано ги зголемува средствата за капитални инвестиции, а оваа година за инфраструктурни зафати се обезбедени околу 1 милијарда денари што е за два и пол пати повеќе во споредба со минатата година. Зголемување на јавните инвестиции во основното образование се овозможува и со проектот со Светска банка, вреден 21,5 милиони евра, од кои 60% ќе бидат наменети за училиштата, на ниво на грантови за адаптации, промени и за набавка на ИТ уреди и воспоставување дигитални библиотеки. Во тек е и повик за обезбедување на комплетна пристапност на образовни институции, од кои еден дел се основи училишта. Ги повикувам општините да аплицираат и да обезбедат подобри услови за учeниците”, рече Царовска.