×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе го прилагодиме стручното образование за потребите на пазарот на трудот, кажа министерот Шабани во Куманово

    25.02.2021 13:55 | KumanovoNews

     Активно работиме на подобрување на средното стручно образование, наша цел е младите по завршување на училиштето да поседуваат вештини и знаења што ги бара пазарот на труд. Затоа низ социјален дијалог го усогласуваме повикот што ќе следи за запишување на ученици во средните стручни училишта, изјави заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани, на средбата со претставници од локалната самоуправа, средните стручни училишта и компаниите во Општина Куманово.

    Ќе го прилагодиме стручното образование за потребите на пазарот на трудот, кажа министерот Шабани во Куманово

    „Сведоци сме дека компаниите не можат да обезбедат обучени млади луѓе кои веднаш по вработувањето можат да работат. И оваа состојба се продлабочува со секоја измината година. Токму тоа сакаме да го промениме“, рече Шабани, додавајќи дека со овие средби им се дава можност на компаниите да кажат каков кадар им е потребен.

    Многу е важно да се јакне соработката и довербата помеѓу стручните училишта и компаниите на локално ниво, затоа што на тој начин средните стручни училишта стануваат центри кои креирааат стручен кадар којшто е баран на пазарот на трудот, а компаниите места кадешто учениците може да очекуваат вработување.

    „Она што можеме да се пофалиме за нашето училиште е дека имаме добра соработка со Општината и бизнис заједницата,  професионалната пракса се изведува во училиштето, но поголем дел и во компаниите во нашата општина. Како училиште сме отворени за уште поголема соработка со компаниите и согласно потребите на пазарот на трудот подготвени сме за отварање на нови профили. Училиштето ќе тежнее да се прилагодува на пазарот на трудот и ќе продолжиме да вршиме образование на возрасни, за да сите страни во општината и државата бидат задоволни“, изјави Весна Трајковска, директорка на Државното стручно училиште „Киро Бурназ“.

    Секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски, рече дека имале успешна дебата, која се надева дека ќе даде резултати со продуцирање на кадри потребни на пазарот на трудот и ќе придонесе за подобрување на економијата и намалување на невработеноста. Тој се надева дека оваа соработка ќе се создаде услови учениците повеќе да се запишуваат во трите средни стручни училишта во општината.

    (С.Н.)