×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе почне проектот “Инклузивна летна школа“

    14.05.2014 10:54 | KumanovoNews

    Од локалната самоуправа денеска го најавија проектот “Инклузивна летна школа“ во кој освен лица со посебни потреби ќе се вклучат и Роми.

    Ќе почне проектот “Инклузивна летна школа“

    Во основно училиште “Толи Зордумис“ денеска имаше прослава насловена како “Игри без граници“ со која се одбележува завршетокот на шестмесечниот проект “Инклузија преку спорт и рекреација“ за лица со посебни потреби и почеток на втората фаза  “Инклузивна летна школа“.

    Вториот дел на проектот кој се однесува на инклузивна летна школа освен учесниците кои се веќе во овој проект за спорт и рекреација кој што продолжува,  ќе бидат опфатени уште една група на учесници,  а тоа се активни баратели на работа од ромската популација. Од тука ќе се прошири самата активност, а ќе ги опфатат сите оние вештини и уметнички способности каде што ќе можат учесниците да ги искажат своите вештини во областа на глумата, занаетчиството, музиката - изјави Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово.

    Проектот за општинско корисна работа ќе се реализира со средстава од УНДП.