Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од 1 јули граѓаните во аптеките ќе можат да набават поевтини лекови. Вкупно 54 лека ќе се купуваат без доплата.
Тука спаѓаат лековите за бубрежни болести, за висок крвен притисок, за кожни болести, за срцеви заболувања, антибиотици, лекови за респираторен систем и друго.
Од Фондот за здравствено осигурување велат дека 382 лека се без доплата. Новите цени се усогласени со оние во регионот. Уште 300 лекови се достапни само со доплата од 50 денари.
Намалувањето на цените е резултат на големата конкуренција меѓу фармацевтските компании. Не е исклучена можноста за ново поевтинување на лековите. Општо гледано 84 одсто од лековите со заштитено име се без доплата.