Ќе реконструирaат две кумановски училишта
19.12.2013 14:34
| KumanovoNews
Министерството за образование и наука во 2014 година ќе одвои сретства за реконструкција на две училишта во Куманово.

До крајот на јануари ќе биде распишан тендер за изработка на комплетна документација за реконструкција на ОУ “Браќа Рибар“ во с. Табановце и СОУ “Наце Буѓони“. На ниво на Македонија ќе бидат реконструирани 24 училишта.
Во повеќето рурални краеви ќе се градат монтажни училишта за учебна 2014/2015 година, но такви не се планирани за во кумановско.