Ќе се гради црква во Долно Којнаре
28.05.2014 08:33
| KumanovoNews
Во населбата Долно Којнаре, утре ќе бидат удрени темелите на новата црква Свети Спас.
Црквата ќе се гради во центарот на населбата, во близина на основното училиште. Осветувањето ќе го изврши владиката кумановско-осоговски Јосиф, а ќе присуствуваат и градоначалникот, како и претставници од општествено-политички живот во градот.
Свеченоста по повод отпочнувањето на градбата на црквата ќе започне во 11.30 часот.