Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новинарите од приватните печатени и електронски медиуми од 1 декември до 1 февруари ќе треба да достават изјави до Комисијата за верификација на фактите дека не соработувале со тајните служби.
Како што пренесува „Макфакс“, освен новинарите, во овој период изјави треба да поднесат и невладините организации и верските заедници, вели претседателот на Комисијата, Томе Аџиев.
Вработените во Македонската радио телевизија веќе поднесоа изјави до Комисијата за лустрација. Нивните изјави сега се доставени на проверка во државните органи.
На вчерашната седница Комисијата за верификација на фактите донесе решение за четворица функционери дека соработувале со тајните служби.
Овие четворица се меѓу седуммината функционери чии изјави не беа верификувани на минатата седница на Комисијата за лустрација. Меѓу нив имаше и поранешен амбасадор и новинар.