×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се печати книга за средновековните цркви

    23.08.2012 10:24 | KumanovoNews

       Наскоро ќе биде испачатена кногата “Црковни споменици во кумановско“ од историчарот на уметноста Славица Крстиќ,вработена во Народниот Музеј Куманово.

    Ќе се печати книга за средновековните цркви

    Се работи за дело кое се темели на неколку годишна научно - истражувачка работа, а книгата изобилува со податоци за сакралните објекти кои датираат од 2 век па се до втората деценија на 20 век, на територијта на Куманово и околината.

    Ова е прво дело од ваков тип. Досега имало монографии за повеќе цркви одделно, но во оваа книга сите цркви се собрани на едно место. Некои цркви ќе излезат од анонимност. Пишувам за вкупно 40 сакрални објекти. Мал дел од црквите имаат само темели, разрушени се. Тие можат на прсти да се избројат. Другите се во лоша состојба и им треба конзервација на живописот. Во кумановско има и цркви со муслимански елементи кои се останати од турско време. Тука можам да ги набројам црквите “Свети Ѓорѓи Победоносец“ од Младо Нагоричане, “Свети Ѓорѓи“ од Жегљане, “Свети Никола“ од Стрезовце, “Свети Дух“ од Добрача - вели Крстиќ.

    За да ја напише книгата авторката направила теренски истражувања, користела стручна литература, легенди и луѓе информатори. Во својата книга Крстиќ ги споредува македонските со црквите во соседните земји. За црквата Света Троица објаснува дека е изградена во 1902, а осветена во 1903 година. Познати зографиски имиња како Димитар Андонов Папрадишки, Дичо Зограф ги изработувале фреските и иконите во кумановските цркви. Издавањето на “Црковни споменици во кумановско“ е подржано од Министерството за култура.