×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се потрудиме да го реконструираме патот кон Кокино, најави директорот Китанов

    11.01.2020 12:51 | KumanovoNews

     Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, при последната посета на Општина Старо Нагоричане, вети дека ќе се направат напори во 2020 да се реконструира патот кон мегалитската опсерваторија Кокино, затоа што е од  големо значење за развој на туризмот во кумановскиот регион и во државата.

    Ќе се потрудиме да го реконструираме патот кон Кокино, најави директорот Китанов

     - Ние оваа година ги ставивме во приоритет сообраќајниците на главните дестинации со најголеми фреквенции. Секако за наредната година еден од патиштата којшто можеби нема толкава фреквенција, но пак има друга важност за овој регион ќе биде ставен и ќе се потрудиме и тоа да се реализира, - изјави директорот Китанов, на крајот на ноември, кога заедно со министерот Горан Сугаревски и градоначалничката Жаклина Јовановска, извршија увид во градежните работи на реконструкцијата на патот Старо Нагоричане-граничен премин Пелинце.

    Мегалитската опсерваторија Кокино со години наназад не може да го добие местото коешто го заслужува токму поради несоодветната инфраструктура.

     - Се работи за планински пат од десетина километри кој се наоѓа во многу лоша состојба. Стрмен, тесен, со многу кривини и дупки, не е безбеден за движење ни со автомобили, а не со туристички автобуси кои превезуваат странски туристи или деца на училишни екскурзии. Доколку се сретнат два автобуси не можат да се разминат, едниот мора да се врати во рикверц додека не дојде до некоја лединка покрај патот. Тоа е многу опасно. Странските туристи веќе и не доаѓаат тука затоа што сметаат дека не безбедно да се движат по патот, - велат туристички работници од Куманово.

     Тие додаваат дека колку и да се работи на туристичка промоција и уредување на локалитетот ќе нема ефекти додека не се направи патот. Затоа апелираат државата сериозно да се заложи и ветувањето на директорот Китанов што поскоро да се реализира.

    Општина Старо Нагоричане е рурална општина и самата не е во можност да инвестира толкави средства во изградба на овој пат, затоа очекува државна помош.

    Мината година беше реконструран патот Старо Нагоричане- Пелинце, единствената врска на овој регион кон Куманово и со соседна Србија, во должина од 15 километри, а неговата реконструкција чинеше 1,5 милиони евра.