Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одделението за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинска организација на Црвен крст Куманово, утре ќе спроведе контрола на учесниците во сообраќајот, пред се на возачите и пешаци, за познавање на правила и укажување на прва помош на повредени во сообраќајна незгода.
Акцијата има за цел да ја подигне сообраќајната култура на учесниците во собраќајот, пред се во почитување на сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот. Пружањето и укажување на навремена помош е законска, пред се морална обврска на секој човек.
Акцијата ќе се спроведе во центарот на Куманово на ул.„Гоце Делчев„ во 11.00 часот, и се повикуваат граѓаните да земат активно учество во акцијата. Доколку бидат запрени ќе треба да го покажат свое познавање од областа на прва помош на симулирани повреди од страна на активисти на Општинска организација на Црвен крст Куманово.За они кои ќе покажат солидно познавање следуваат симболични награди, а за останатите покана за посетување на бесплатен курс по прва помош и книга од Црвениот крст.