×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се регистрира локална акциска група

    18.02.2015 10:19 | KumanovoNews

    Локална акциска група составена од најмалку триесет членови од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане ќе се регистрира до јуни годинава.

    Ќе се регистрира локална акциска група

    Групата ќе биде составена од претставници од општините, невладините организации и бизнис секторот ќе аплицира за пилот проекти преку корпорацијата КАРАНА. Работата на пилот проекти ќе биде подготовка за проекти од ЛИДЕР програмата, која за земјава најверојатно ќе биде достапна од 2016 или 2017 година.

    “Процес на формирање на локална акциска група е во завршна фаза, и ќе треба да се дефинира визијата, мисијата, стратешките цели и приоритети. Ова ќе биде процес во која целата група ќе даде свој придонес во дефинирање на решенијата за рурален развој. Оваа група засега брои 30 до 40 членови од различни субјекти, и сега ќе се дефинираат основачите“ - вели Ѕвонко Наумовски, надворешен експерт за ЛИДЕР ангажиран од КАРАНА.

    Веќе постојат иницијативи за одредени проекти како што се брендирање на производи, прочистување на Крива река и друго.

    “Локалната акциска група треба да биде регистрирана до јуни, ќе биде направен управен одбор, да се изберат членови и да се поделат активностите. Да се почне со проектите кои ќе ги финансира КАРАНА. Овие работилници се да се извлече потенцијалот, да се избере најдоброто. Ова е една пракса која ќе ја добиеме пред да почнеме официјално да работиме со ЛИДЕР„ - рече Даниела Трајковиќ, проектен менаџер во Центар за развој на североисточен плански регион.

    Проектите треба да бидат насочени кон рурален развој.