Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за социјални работи Куманово како еден од вкупно 11 центри на ниво на држава ќе се реновира следната година, велат од ресорното министерство.
Центарот за социјални работи Куманово е предвиден за реконструкција и таа ќе започне во април 2014 година. Приоритет е изградба на пристапна рампа - вели Марјан Гијовски, портпарол на МТСП.
Центарот за социјални работи Куманово ќе биде опфатен за реконструкција во втората фаза, а први ќе се реновираат центрите од Пробиштип, Ресен, Струмица и Свети Николе. Целта на реновирањето е обезбедување на подобра услуга за граѓаните и подобрување на условите за работа.
Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој и дел од добиените средства од овој кредит ќе се искористат за градежно - занаетски работи за реновирање на центрите за социјална работа.