Ќе се садат рози за Денот на пролетта
        04.03.2014 09:44
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Под мотото “Македонија земја на цвеќето, земја на розите“ на 21 март ќе се засадат над 100.000 рози.
                  Во акцијата треба да се вклучат приватниот сектор, општините, невладините организации и училиштата. При пролетно засадување на цвеќе граѓаните нека изберат рози, да ги засадат во своите дворови и на балкони. Освен што ќе ги украси површините, розата придонесува за почиста средина и тоа го покажа направена студија - велат од Министерството за животна средина.
Засадувањето на розите ќе придонесе за почиста почва, воздух и подземни води.
Освен во пролет, ваква акција за садење на рози ќе има и на есен.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



