×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе светнат 2000 штедливи светилки во градот

    11.03.2015 14:48 | KumanovoNews

    Во Куманово годинава ќе бидат поставени нови 2000 штедливи светилки.

    Ќе светнат 2000 штедливи светилки во градот

    Ова е предвидено во Акциониот план за енергетска ефикасност на општина Куманово за 2015 година, кој беше усвоен на денешната 35-та седница на Советот на општина Куманово.

    “Ќе има промена на 2000 обични со лед светилки. Тие ќе се поставуваат сукцесивно. Таму каде што ќе има потреба ќе бидат заменети светилки. Се надеваме дека овој Акционен план ќе биде спроведен од локалната самоуправа и дека граѓаните во најскоро време ќе ги видат бенефитите. На територија на општина Куманово има 15000 светилки “ - изјави Лидија Ланг Спасовска, раководител на сектор за урбанизам во општина Куманово.

    За ова намена општината ќе  потроши 1.100.000 денари.