×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цената на водата ја утврдува регулаторна комисија а не Советот, реагира Општината на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

    14.01.2021 11:13 | KumanovoNews

    Цената на водата ја утврдува Регулаторна комисија за енергетика(РКЕ), а Советот на Општина Куманово само ја потврдува.

    Цената на водата ја утврдува регулаторна комисија а не Советот, реагира Општината на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

    Доколку Советот не ја потврди, цената ја донесува самата Регулаторна комисија, реагираат од Општина Куманово на вчерашната прес-конфереренција на ВМРО-ДПМНЕ дека заради неодговорност на локалната власт кумановци ќе плаќаат поскапа вода.

      Според надлежните Куманово има најниска цена на вода што се должи на константно намалување на загуби на вода, преземени чекори за модернизирање на процесите на обработка на вода и софистицирана опрема за читање на водомери.

    „Градоначалникот е должен да ги почитува и применува одлуките донесени на Советот на Општината, како и законите. Советниците имаат увид во целокупната работа на ЈП Водовод, сите извештаи за работа и сите тековни активности се презентираат на најтранспарентен начин и со максимална одговорност кон потребите на граѓаните на Општина Куманово“, стои во реакцијата.

      Од Општина Куманово соопштуваат дека има обезбедено средства за изградба на канализациона мрежа во Гладно поље во должина од 4,5 км, а ќе продолжи и со други инвестиции заради поквалитетни услуги на граѓаните.