×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цените на горивата се зголемуваат

    14.12.2020 13:17 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цените за горивата во просек за 0,82 денари, кои ќе стапат на сила вечерва по полноќ.

    Цените на горивата се зголемуваат

    Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар за литар, во однос на цените утврдени со одлуката од 7-ми декемврии. Според овие измени, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 денари за литар, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 53,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53,50 денари за литар.

    Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ќе се зголеми за 1,00 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 денари за литар.

    А пак малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 денари во однос на цената утврдена со одлуката од 7-ми декембригодина и со тоа изнесува 28,287 денари за килограм.